2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрадежна комора: Достигнат е лимит на најниска цена на становите

Градежна комора: Достигнат е лимит на најниска цена на становите

gradezna-komora

Градежната комора на Република Македонија во која членуваат над 450 компании со голем удел во пазарот на недвижнини, остро ја демантираат анализата на индивидуални нерелевантни субјекти, според која пет домашни компании ја диктираат цената на становите, изјава дадена без целосни и точни информации.

Ставот на компаниите членови на Градежната комора на Македонија е дека цените на становите се формираат како резултат на трошоците за изградба што се прават, а главен приоритет при изградба е да создадат висококвалитетни, стабилни, енергетски ефикасни и економични станови, според европски квалитет и најнови стандарди.

„Услови за да се намалат цените нема, освен ако се штеди на квалитет. Со понизок квалитет граѓаните ќе имаат двојно поголеми трошоци по купувањето на станот. Трошоците за производство се зголемени, воведени се нови нормативи и за енергетска ефикасност, така што градежните компании имаат повисоки трошоци при инвестирање, а нудат максимален квалитет и реална пазарна цена. Согласно овие параметри, како стопанственици формираме цени кои гледаме да бидат достапни за граѓаните. Цените на становите во споредба со тоа какви беа пред само 5 години, веќе се значително намалени. Некој што од различни побуди го руши угледот на комопаниите и сака да дојде до брзи пари сега може да ги намали цените, но тоа ќе биде моментална одлука, бидејќи на долгорочен план ќе работи со загуба“, изјави Роберт Хот, претседател на Градежна комора на Македонија.

Со невистинитите информации кои се пласираа во јавноста за нереалната пазарна цена на становите, не само што се девалвира вредноста на непродадените станови, туку истовремено се девалвира имотот на уште 700.000 граѓани во Република Македонија.

„Во формирањето на цената покрај градежните трошоци, со голем процент учествуваат локацијата, односно градежното земјиште, потоа комуналиите, трошоците за проектирање, ревизии и надзор, приклучоците, енергетската ефикасност што најчесто е од А-класа, што значително ги крева трошоците во производство и ангажираните средства на инвеститорите“, изјави Ивица Јакимовски, член на УО на Градежна комора на Македонија.

Според официјалните информации просечните цени на становите минатата година во Скопје изнесувале 876 евра за метар квадратен без ДДВ за разлика од 2010 година кога биле 1.043 евра. Во останатите населени места низ Македонија метар квадратен лани чинел 544 евра, а во 2010 – 718 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП