17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВидео-кампања за лицата со оштетен слух за заштита од горештини

Видео-кампања за лицата со оштетен слух за заштита од горештини

visoki-temperaturi

Серија кратки информативни видео спотови кои треба да им помогнат на лицата со оштетен слух полесно да се справат со различни природни катастрофи, како што се високите температури, земјотресите и поплавите, промовирана е деновиве.

Со оглед на постојната состојба со екстремно високите температури и топлотниот бран, прв од серијата на видео спотови е за подготвеност и заштита во случај на топло време. Лицата со оштетен слух ќе можат да научат за основните постапки и процедури кои се препорачани и се применуваат во случај на високи температури.

Ова е дел од активностите за јакнење на свеста и знаењето на различните категории на граѓани за справување со кризни состојби.

Кампањата ја изготвија Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), Центарот за управување со кризи, Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор и глас и други проблеми во развојот Кочо Рацин – Битола и Министерството за образование и наука

Досегашната соработка на овие институции овозможи обука на околу 18.000 ученици и околу 2.000 наставници од училиштата ширум земјата, како и показно тактички вежби за справување со разни кризни состојби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП