18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонска зелена бизнис идеја освои 10 000 долари на регионален натпревар

Македонска зелена бизнис идеја освои 10 000 долари на регионален натпревар

aam

Македонска зелена бизнис идеја за прв пат победи на регионалниот натпревар „Филантропија преку зелени идеи“ кој оваа година се оддржа 24-27 јули во Боге-Косово, во организација на Фондот на Браќата Рокфелер од САД, а се спроведува на Балканот во изминатите 4-ри години.   Носител на идејата е „Прва кооператива на потрошувачи на органска храна- Наша Добра Земја“ која конкурираше со проект за поддршка на мали маргинализирани земјоделци кои произведуваат хемиски нетретирана храна.

На  форумот се натпреваруваа вкупно 15 зелени бизнис идеи од 5 балкански држави, и тоа: Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија. Освен македонската победничка идеја на „Наша Добра Земја“ победи и српската идеја „Еко-камп од дрвени куќички“ и црногорската идеја „Градина Еко-логика“. Најдобрите три идеи ќе добијат финансиска поддршка од 10 000 долари.

„ Особено ни е драго што оваа година прв пат ја донесовме регионалната награда на Фондот на Браќата Рокфелер за филантропија и зелени идеи во Македонија! Искуството од националниот натпреар до победата во Косово беше фантастично, од повеќе аспекти. На национално ниво – од се срце им благодариме на АРНО за одличната организација и топла поддршка во процесот. На регионално ниво – почуствуваме дека со останатите учесници и организаторите имаме заедничка основа, вредност и верба – во моќта и влијанието на “зелените идеи” и нивниот потенцијал да допринесат кон промени.  Ни личи дека ова е старт за многу регионални зелени интерконекции! Наградата ни преставува особено важен чекор за понатамошниот развој на „Наша Добра Земја“ во сферата на одржливост – додавање на овој за нас најважен елемент во “равенката” еколошко производство на храна во Македонија“ – изјави Билјана Филиповска, основач на „ Наша Добра Земја“.

aam

„Многу сме среќни што конечно, после 4 години учество, имаме македонски победник на регионалниот натпревар и навистина сме горди сме на успехот на „Наша Добра Земја“. Мора да споменеме дека на форумот одлично се презентираа и „Наша фарма“ од Скопје  со идејата да прераснат во првата биодинамична органска фарма за производство на јајца, и здружението „Амброзија“ од Пехчево со идејата за создавање пилот машина за производство на пелети од био-отпад. Како организација која препознава и верува дека добрите идеи треба да се поддржат, ние нема да сопреме тука- славејќи ја само победничката идеја, туку ќе се обидеме да обезбедиме национални фондови за поддршка и на другите македонски идеи. Се надеваме дека в година на националниот натпревар ќе има уште поголемо учество, и дека ќе обезбедиме средства за националните победници. Веруваме и во нашите потенцијали и се надеваме дека, од сега  па натаму, ќе стане традиција Македонија да носи награди од  регионалниот натпревар и да биде пример за вакви мали успешни приказни од полето на зелената економија.“- изјави Ирина Јаневска, претседател на „АРНО“.

aan

Другите побенички идеи се од Србија- градење на Еко-Камп со дрвени куќички со цел развој на туризмот, зачувување на животната средина и подобрување на благосостојбата на локалните заедници, и од Црна Гора- креирање на еколошки градини со цел создавање на можност и место за собир на ентузијастите и љубителите на природата кои преку практикување и учење на органското градинарството го подобруваат квалитетот на живеење на современиот човек.

Останатите зелени бизнис идеи кои се натпреваруваа беа најразлични, почнувајќи од  собирање на лековити и ароматични билки и планински плодови за произведување на природни чаеви во Косово,  произведување на рачно изработени органски сапуни од локални билки во Албанија, реконструирање на стари воденици во Србија, до поправка и редизајн на стар мебел преку трансформирање на истиот во нешто ново, корисно, убаво и повторно функционално (Србија), па се до 3D машина за принтање која користи  биоразградлива пластика (Косово),  биогас од фарми за кокошки (Косово), рачно изработени торби и марами со илустрации од принцези од Црна Гора,  рурален туризам преку промоција на тури за гледање на птици (Албанија).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП