28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена потрошувачката доверба во Италија

Намалена потрошувачката доверба во Италија

italija4

Потрошувачката доверба во Италија е намалена овој месец на 106,5 од 109,3 поени забележани минатиот месец, поради слабеењето на довербата на граѓаните во економската клима.

Граѓаните имаат пониски очекувања во поглед на иднината, покажаа податоците на италијанскиот завод за статистика, Истат.

Индексот на деловната доверба исто таа падна во јули, на 104,3 од 104,7 поени од претходниот месец, наведува Истат.

Довербата во услужниот сектор порасна на 110 од 109,2 поени, а во малопродажбата на 106,5 од 105,9 поени. Во малопродажниот сектор се оптимистични во поглед на сегашната продажба, но очекувањата во врска со иднината им се пониски.

Довербата во преработувачкиот сектор е намалена на 103,6 од 103,9 поени, а во градежниот на 117,6 од 119,7 поени поради намалувањето на нарачките и очекувањата на полето за вработување, наведува истат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП