6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПораките на Фед поттикнаа раст на Волстрит

Пораките на Фед поттикнаа раст на Волстрит

wall street999

Цените на акциите на Волстрит во средата пораснаа втор ден по ред, откако американската централна банка ги задржа клучните каматни стапки непроменети и порача дека зајакнуваат економијата и пазарот на труд.

Dow Jones зајакна 0,69 отсто, на 17.751 поен, S&P 500 порасна 0,73 отсто, на 2.108 поени, а Nasdaq за 0,44 отсто, на 5.111 поени.

Сите 10 сектори на S&P 500 индексот вчера добија на вредност, а најмногу за 1,3 отсто, зајакна енергетскиот сектор бидејќи цената на нафтата дополнително се оддалечи од најниското ниво за последните шест месеци, на кое падна во понеделникот.

По дводневната седница, челниците на Фед одлучија да ја задржат клучната каматна стапка непроменета, што беше и очекувано. Порачаа и дека економијата продолжува да јакне.

„Економската активност во последните месеци умерено порасна“, соопшти Фед, додавајќи дека вработеноста солидно порасна.

Истакнато е дека каматите ќе бидат зголемени само кога дополнително ќе се подобри пазарот на труд и кога ќе биде поизвесно дека инфлацијата ќе се приближи до целното ниво од 2 отсто.

Ова, според аналитичарите, се само мали промени во однос на соопштението на Фед од претходната седница и нема никакви сигнали кога централната банка ќе ги зголеми каматите-во септември или во декември?

„Преку соопштението настојуваа само да ја отсликаат состојбата во економијата, која се подобрува. Не сакаа да внесат дополнителна несигурност на берзите кои и без тоа се „на игли“, вели Гај Хаселман, директор во Scotiabank.

Меѓу најголемите губитници, со пад на ценат за 14,5 отсто, вчера беше акцијата на Twitter, откако социјалната мрежа во второто тромесечје забележа најбавен раст на корисниците од 2013 година, кога нејзината акција беше сврстена на берзата.

Во продолженото тргување по затворањето на Волстрит цената на акцијата на Facebook, падна за 4 отсто, бидејќи инвеститорите повеќе очекуваа од кварталните резултати на компанијата.

И на европските берзи цената на акцијата вчера порасна. Лондонски FTSE зајакна за 1,16 отсто, на 6.631 поен, франкфуртски DAX порасна за 0,34 отсто, на 11.211 поени, а париски CAC за 0,81 отсто, на 5.017 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП