12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВеб страна за заштита на здравјето од климатски промени

Веб страна за заштита на здравјето од климатски промени

topliniiiiii

Македонското здружение за медицина на трудот и Институтот за медицина на трудот на РМ, Колаборативен центар на СЗО, ги известуваат сите заинтересирани лица дека информациите поврзани со заштитата на здравјето од климатските промени може да се најдат на веб страната: www.toplotnibranovi.mk.

Страна е креирана во рамките на активностите на приоритетот “Заштита на здравјето од климатските промени” во Македонија.

Овие активности се спроведуваат од страна на Светската здравствена организација, Канцеларија Скопје, во соработка со Министерството за здравство , и имаат за цел да го зајакнат капацитетот на здравствениот систем за одговор на последиците на климатските промени.

На страната е достапна и Андроид апликација за следење на топлотните бранови според ГПС локација.

При тоа, Институтот за медицина на трудот изработи флаери за заштита на здравјето на работниците во услови на топлотен бран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП