6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАMMF: Oд Грција бараме дела, а не зборови

MMF: Oд Грција бараме дела, а не зборови

lagard 333

За напредок во преговорите за нов план за помош за Грција потребни се дела на грчките власти, а не зборови, оцени генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд (MMF), Кристин Лагард.

„И самата бев малку време во политика и има многу работи кои ги кажувате, но тоа што на крајот се смета е тоа што ќе го направите. Потребни се дела, а не зборови“, вели Лагард, коментирајќи ја неподготвеноста на Атина да соработува со „MMF“.

Според договорот од 13-ти јули, Европејците како посебен услов за третиот план за помош на Грција е учество на „MMF“, зa кој рекоа дека Атина се однесува „криминално“.

„Според мое мислење, клучно е тоа што грчките власти навистина се подготвени да го направат“, истакнува Лагард.

Таа претходно потврди дека реструктуирањето на грчкиот долг е „неизбежно“ и дека Европејците треба да ги деблокираат потребните средства за спас со цел Грција да биде „кредибилна“ и „MMF“ да прифати да учествува во новиот план за помош.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП