7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанската инспекција открила неправилности во 59 отсто од компаниите

Италијанската инспекција открила неправилности во 59 отсто од компаниите

italijan-police-insp

Италијанското министерство за труд објави дека инспекциските надзори извршени во врска со почитување на законот за труд во првата половината од годинава во 59 отсто од прегледаните компании утврдиле неправилности во врска со условите за работа на вработените, а најмногу поврзани со работењето на црно.

Во текот на инспекциите било откриено дека дури 18.215 работници работеле без да бидат пријавени, поради што 3.873 компании морале да го сопрат работењето.

Некои од најголемите неправилности коишто ги откриле трудовите инспектори во периодот од јануари до крајот на јуни 2015 година, се однесувале и на прекувремениот ангажман, како и на непридржувањето на здравствените и стандардите за безбедносните при работата.

Италијанското министерство за труд, исто така, го издвоил „значителен пораст на неправилности кои треба да се казнат, како што се кршењето на прописите во врска со заштитата на вработените мајки и користењето на илегалните странски работници“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП