3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата во пад шести ден по ред

Цената на нафтата во пад шести ден по ред

nafta3020

Цената на нафтата падна на светските берзи шести ден по ред, забележувајќи ја најдолгата негативна низа во оваа година, под притисок на натамошниот раст на глобалната понуда.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза падна за 42 центи, на 52,88 долари, а на американската берза цената е во минус 33 центи и изнесува 47,65 долари за барел.

Анкетата на Reuters објавена во вторникот покажа дека членките на OPEC произведуваат околу 3 милиони барели дневно нафта повеќе од што беше дневната побарувачка во второто тромесечје. За споредба, во првото тромесечје нивното производство надминуваше за 2 милиони барели дневно.

Цената на нафтата падна и покрај тоа што претходниот ден Американскиот институт објави дека американските комерцијални залихи на сирова нафта паднаа во минатата недела за 1,9 милиони барели, што е над очекувањата. Имено, нивото на залихи од 462 милиони барели, во споредба со 383 милиони на почетокот на годината, покажува дека понудата е преголема.

„Доколку ги погледнете залихите на горива, ќе видите дека дошло до прилично голем раст, како и растот на залихите на бензинот, што создава притисок“, вели Оливие Јакоб, нафтен аналитичар од компанијата Petromatrix.

Американската влада официјалните податоци за американските залихи се очекува да ги објави во текот на денот.

Одделно OPEC на својата интернет страница објави дека цената на барел референтна кошничка негова нафта во вторникот изнесуваше 50,54 долари, што значи дека паднала за 75 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП