6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтапката на сопственост над недвижнините во САД на најниско ниво во 35...

Стапката на сопственост над недвижнините во САД на најниско ниво во 35 години

sad nedviznini

Стапката на сопственост врз станбените недвижнини во САД во второто тримесечје од 2015-та година паднала на најниското ниво во последните 35 години, бидејќи сé повеќе Американци се решаваат да ги изнајмуваат, но со подобрување на ситуацијата на пазарот на трудот можеби овој надолен тренд да биде запрен, сметаат аналитичарите.

Сезонски прилагодената стапка на сопственост на недвижните за домување во споменатиот период паднала на 63,5 отсто, покажаа во вторникот објавените резултати на американското министерство за трговија. Тоа е нејзината најниска стапка според сезонски прилагодените серии со кои е започнато во 1980-та година.

Падот на стапката на сопственост над недвижнините ги истакнува димензиите од штетите кои ги предизвика рецесијата и бавното заздравување на американската економија по кризата врз секторот изградба на домови, сметаат аналитичарите.

„Таквиот тренд нема да продолжи. Сметаме дека стапката на сопственост на недвижнините е близу до дното, но не очекуваме и дека позначително ќе порасне пред 2017 година“, вели во анкетата на Reuters Андерс Карбахо-Бургос, виш економист во Moody’s Analytics.

Стапката на сопственост на недвижнините највисокото ниво од 69,4 отсто го достигна во 2004 година, додека во првиот квартал од годинава изнесуваше 63,8 отсто. Економистот Карбахо-Бургос меѓу главните причини за оптимизмот во поглед на градењето на домови го издвојува подобрувањето на ситуацијата на пазарот на трудот.

Стапката на невработеност во САД изнесува 5,3 отсто, што е нејзината најниска стапка во последните седум години, и така се одржува во близина на распонот меѓу 5 до 5,2 отсто којашто повеќето функционери во американската централна банка Federal Reserve (Fed) ја сметаат за полна вработеност.

Таквиот развој на ситуацијата на пазарот на трудот почнува да предизвикува притисоци врз зголемувањето на платите, што, според мислењето на економистите, во крајна линија би требало да го зголеми просечниот доход, и да го поттикне влегувањето на пазарот на сé поголем број оние коишто ја купуваат првата недвижнина.

Кога станува збор за изнајмување на недвижнините, стапката на слободните станбени недвижнини во вториот квартал од годинава се спуштила на 6,8 отсто, односно на најниското ниво од 1985-та година, откако во претходниот квартал изнесуваше 7,1 проценти. Просечната цената на изнајмувањето на недвижните во второто тримесечје е зголемена на 803 долари, од 766 долари на почетокот од 2015-та година.

Економистите проценуваат дека силниот подем на цените за изнајмување ќе ги свртат луѓето кон купувањето недвижнини, а тоа според нив би можело во одредена мера да ја поттикне инфлацијата кон крајот од годинава.

„Нашата прогноза за растот на цените на наемот по годишна стапка од 5 отсто во оваа и во следната година, доколку се оствари, би била најбрзата до 1980-те години“, вели Ед Стенсфилд, економист за пазарот на недвижни во лондонската компанија „ Capital Economics“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП