19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на LG Electronics намалени за 45 проценти

Приходите на LG Electronics намалени за 45 проценти

lg-sign-660x330

Јужнокорејската компанија „LG Electronics“ денес соопшти дека приходите во вториот квартал оваа година се намалилe за 45 проценти во однос на вториот квартал минатата година бидејќи пораснале загубите од продажбата на телевизори.

Нето профитот изнесувал 226,4 милијарди вони (195 милиони долари), додека од април до јуни минатата година изнеусвал 411,8 милијарди вони.

Продажбата опаднала за осум проценти, на 13,9 илјади милијарди вони, а оперативниот приход за 60 проценти, на 244 милијарди вони.

Продажбата на телевизори опаднала поради неконкурентните цени кои се последица од слабеењето на еврото и руската рублја.

Продажбата на мобилните телефони донела мал профит бидејќи LG потрошил многу пари на рекламирање на својот главен модел G4 со кој се обидува да им конкурира на Samsung и iPhone.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП