9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПотпишан договор за изработка на Национална стратегија за заштита на природата

Потпишан договор за изработка на Национална стратегија за заштита на природата

договор

Договор за изработка на Национална стратегија за заштита на природата, кој предвидува и изработка и Студија за состојбата со геодиверзитетот и геолошкото наследство во Македонија, потпишан е денес во Скопје.

Стратегијата претставува многу важен документ со кој ќе се одредат целите и насоките за зачувување на природата за наредните десет години, соопшти министерството за животна средина и просторно планирање.

Со изработка на Стратегијата за заштита на природата ќе се обезбеди поефикасна имплементација на националната легислатива за заштита на природата и спроведување на обврските на Република Македонија кои произлегуваат од меѓународните ратификувани документи (конвенции и договори) од областа на заштитата на природата, како и на ЕУ директивите за живеалишта и птици.

Воедно, со изработка и донесување на стратегијата ќе се унапреди процесот на хармонизација на националното законодатсво со ЕУ законодавството од областа на заштита на природата.

Изработката на Национална стратегија за заштита на природата претставува само една компонента од проектот „Програма за зачувување на природата во Македонија“, кој има за цел да поддржи активности за зачувување на биолошката разновидност и природните екосистеми преку промоција на нивно одржливо управување и користење.

Програмата за зачувување на природата во Македонија е проект координиран од „Helvetas Swiss Intercooperation“ од Швајцарија и „Фармахем“ од Скопје, а е финасиран од Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) во Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП