3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДеловните резултати ги поттикнаа европските берзи

Деловните резултати ги поттикнаа европските берзи

berza evropa

Цената на акциите на европските берзи пораснаа, благодарение на подобрите од очекувани деловни резултати на европските компании и најавите за преземања.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски компании околу 11.00 часот беше во плус 0,8 отсто, зајакнувајќи втор ден по ред.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 0,40 отсто, на 6.583 поени, а париски CAC 0,10 отсто, на 4.982 поени. Франкфуртски DAX ослабна, пак, 0,10 отсто, на 11.158 отсто.

Најголем добитник изутрината, со скок од 50 отсто, беше акцијата на Italcementi, по веста дека HeidelbergCement ќе ја преземе контролата над италијанскиот производител на цемент.

Акцијата на Peugeot Citroen поскапе за 3,5 отсто, бидејќи во првото полугодие францускиот производител на авомобили оствари чиста добивка од 571 милион евра, што е прва негова добивка во последните четири години.

Француски Total, четврта по големина нафтена компанија на западот, исто така објави подобри резултати од очекуваното.

Позитивно на европските берзи влијаеше и смирувањето на азиските берзи, на кои цените на акциите денеска остварија пораст.

Сепак, аналитичарите велат дека се тргува внимателно бидејќи денеска завршува дводневната седница на американската централна банка, по кое ќе биде објавено соопштени. Берзите се поделени по прашањето дали Фед ќе зазем цврст или мек став во врска со каматните стапки.

Не се очекува дека Fed уште сега ќе ги зголеми каматните стапки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП