5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на индустриското производство од 6,4 отсто

Раст на индустриското производство од 6,4 отсто

proizvodstvo industrisko34

Индексот на индустриското производство во Македонија во јуни бележи пораст од 6,4 отсто на годишно ниво, објави во средата Државниот завод за статистика.

Индустриското производство во јуни повторно забележа раст, откако во претходните два месеци беше во негативнa зона, со што беше прекината низата од 19-месечен континуиран раст на индустриското производство во Македонија, која започна од септември 2013 година.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари-јуни 2015 година, во однос на истиот период лани бележи пораст од 0,8.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни бележи пораст од 9,2 отсто, во однос на истиот месец лани, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 4,3 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13,8 отсто.

Според главните индустриски групи, производството бележи пораст кај Енергија за 5,8 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 4,4 отсто и Капитални производи за 33,3 отсто, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 16,6 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,5 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП