6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена довербата на потрошувачите во Германија

Намалена довербата на потрошувачите во Германија

germanijanu3hgr7gf

Довербата на германските потрошувачи во домашната економија во јули значително ослаби, поради стравувањата дека грчката криза ќе продолжи да предизвикува проблеми во наредните месеци, покажа истражувањето на германскиот институт ГФК.

„Долготрајните и тешки напори за решавање на должничката криза во Грција досега ја сочуваа земјата од банкрот. Тоа сепак не предизвика раст на довербата на германските потрошувачи, туку втор последователен месечен пад на индексот“, се наведува во соопштението на ГФК, а пренесува агенцијата Франс прес.

Со истражувањето е утврдено дека граѓаните на Германија очекуваат продолжување на растот на бруто домашниот производ (БДП) во претстојните месеци, но не во обемот кој го прогнозираа пред неколку недели.

„Граѓаните очигледно сметаат дека тешко постигнатиот договор за должничката криза со Грција ќе има негативни ефекти по економијата на Германија“, се наведува во соопштението на институтот, од каде додаваат дека и судирите во Украина и на Блискиот исток исто така ја намалуваат довербата на потрошувачите.

Истовремено, ГФК утврди дека германските граѓани се особено оптимистични во поглед на перспективите на нивната заработка.

Истражувањето опфатило 2.000 потрошувачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП