20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНоќно бележење на улиците во Скопје

Ноќно бележење на улиците во Скопје

ulici farbanje

Екипите на ЈП „Улици и патишта“ ја продолжуваат акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на улиците и булеварите во Скопје во ноќните часови, кога е намалена фрекфенцијата на возилата.

Во текот на изминативе денови рачно се бележеа сите пешачки премини на Јужниот булевар и на булеварот Мајка Тереза, пешачките премини со ознаките ШКОЛО на улицата Тодор Александров и на улицата Ацо Караманов, како и пешачките премини на булеварот Гоце Делчев, под скопското Кале.

Машински беше обележан булеварот Никола Карев, на потегот од клучката „Детелинка“ кај Бит-пазар до објектот на Американската амбасада.

Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици деновиве се обновуваше и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици беа поправени, а каде што имаше потреба без поставени нови сообраќајни знаци, информираат градските власти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП