12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе реновираат основните училишта во Ѓорче Петров

Се реновираат основните училишта во Ѓорче Петров

spiro-shkoli-gjorche

Заменик министерот за образование и наука, Спиро Ристовски во средата го посета на О.У. „Мирче Ацев“ во Ѓорче Петров, каде заедно со градоначалникот Сокол Митровски извршија увид на досегашните реализирани проекти на училиштето.

Во изминатиот период интензивно се работеше на промена на целокупната кровна конструкција , вредна 150. 000 евра во чиј проект инвестираше Министерството за образование и наука.

Променет е целиот азбест кров на училиштето и спортската сала со нов покрив. Поставена е изолација и лимен кров , согласно проектот на Министерството за образование и наука, а од друг аспект ќе има и поголема енергетска ефикасност.

Целосната замена на покривната конструкција ќе значи решавање на деценискиот проблем и создавање на услови за поквалитетна настава.

Градоначалникот Митровски истакна дека капиталните инвестиции во областа на образованието се трајна определба на општината во насока на подобрување и одржување на објектите на сите основни училишта со цел постојано подобрување на наставниот процес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП