6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на Волстрит по петдневниот пад

Раст на Волстрит по петдневниот пад

volstrit-berzi

Цените на акциите на Волстрит во пораснаа во вторникот, по пет дена пад, што се должи на солидните деловни резултати на компаниите и надежите на инвеститорите дека Фед нема да ја крене каматната стапка пред декември.

Dow Jones зајакна 1,09 отсто, на 17.630 поени, додека S&P 500 порасна 1,24 отсто, на 2.093 поени, а Nasdaq 0,98 отсто, на 5.089 поени.

Сите 10 сектори од S&P 500 индексот вчера добија на вредност, а најмногу за три отсто, скокна енергетскиот сектор со оглед дека цената на нафтата вчера се оддалечи од најниското ниво за последните шест месеци.

Аналитичарите сметаат дека станува збор за техничка корекција на цените, со оглед дека по пет дена пад S&P 500 индексот се спушти кон најниското ниво од февруари.

„S&P 500 падна петти ден по ред, па инвеститорите се обидуваат да пронајдат поволни можности по падот на цените“, вели Мајкл Матоусек, директор во компанијата U.S. Global Investors.

Поддршка на берзата пружија нешто подобрите резултати на кварталните компании. Повеќето компании известуваат за нешто подобри од очекуваните резултати, но проценките се поставени многу ниско, а на компаниите не им е поголем проблем да ги натфрли.

На растот на цените влијаеа и шпекулациите дека челниците на Фед, кои во вторникот го одржаа првиот дел од дводневната седница, би можеле да ги зголемат каматите во декември, а не во септември, со што берзите уште неколку месеци би имале поддршка од рекордно ниските цени на парите.

Позитивно влијаеше и смирувањето на кинеските берзи во вторникот, откако во понеделникот цените на акциите паднаа за над 8 отсто.

И на европските берзи цените на акциите вчера пораснаа, по пет дена надолен тренд. Лондонски FTSE зајакна 0,77 отсто, на 6.555 поени, додека франкфуртски DAX скокна за 1,06 отсто, на 11.173 поени, а париски CAC 1,01 отсто, на 4.977 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП