20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСтопанска Банка АД Скопје со најдобри полугодишни резултати во текот на своето...

Стопанска Банка АД Скопје со најдобри полугодишни резултати во текот на своето работење

stopanska banka 003

Менаџментот на Стопанска Банка АД Скопје соопшти дека банката во првото полугодие од 2015-та ги остварила најдобрите полугодишни резултати во текот на нејзиното долгогодишно работење.

Нето добивката по оданочување остварена за првите шест месеци од 2015-та година надминува 1,1 милијарди денари (околу 18 милиони евра), и во споредба со истиот период од минатата година е повисока за 34,9 отсто.

Сите клучни финансиски индикатори, како: Поврат на актива (RoA), Поврат на капитал (RoE), Нето каматната маргина (NIM) и Трошоци во однос на приходи (C:I) забележаа натамошно подобрување во однос на истиот период од минатата година, кога исто така, беа на импресивно ниво, се вели во соопштението.

Посебно се нагласува фактот дека, и депозитната основа, и квалитетот на кредитното портфолио, се на многу задоволително ниво, и овозможуваат нови перспективи и можности за натамошно реализирање на успешни перформанси од аспект на добивката, капиталот и ликвидносната позиција на Банката во наредните години.

Како продолжение на истата стратегија, која се применува во изминатите 15 години, Стопанска Банка и оваа година ја задржа остварената добивка во својот биланс, со цел за натамошно зајакнување на капиталната позиција, создавајќи поголеми можности за ефикасна поддршка на економијата, следствено, како што постапуваше во сите изминати години.

Во овој контекст, последното Собрание на акционери на банката одржано во јули, 2015-та година, донесе одлука значителен дел од добивките реализирани во текот на минатите години, поточно 35 милиони евра во денарска противвредност, да се пренесе во регулаторниот капитал на банката, со што стапката на адекватност на капиталот се зајакнува уште повеќе и изнесува 17,7 отсто.

Овие резултати на Стопанска Банка остварени во првото полугодие од 2015-та година уште еднаш јасно ја рефлектираат долгорочната определба и довербата која Банката ја ужива во целата заедница, особено од страна на клиентите – физички и правни лица, стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП