3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПолугодишниот приход на Orange 19,56 милијарди евра

Полугодишниот приход на Orange 19,56 милијарди евра

Orange-Mau

Најголемата француска телекомуникациска компанија „Orange“ создала во првата половина од оваа година вкупен приход од 19,56 милијарди евра, додека корегираната добивка пред оданочувањето, каматите и амортизацијата (Ебитда) достигнала 5,81 милијарди евра.

„Orange“ така ги надминал очекувањата на пазарот, кој сметал на приход од 19,39 милијарди евра и корегирана Ебитда од 5,78 милијарди евра, пренесува Ројтерс.

Француската компанија и понатака има за цел во 2015 година да оствари корегирана Ебитда меѓу 11,9 и 12,1 милијарди евра, додека аналитичарите предвидуваа 12,04 милијарди евра.

Францускиот оператор во вториот квартал од оваа година придобил 76.000 нови клиенти, кои се повеќе се определуваат за премиум понудата, односно за 4G мрежа, а тие претплати се поисплатливи.

Резултатите на Orange во вториoт квартал од оваа година, како и во претходниот, се постигнати благодарение на растот во сегментот на мрежите со многу голем домет и развојот на бизнисот во Африка и на Блискиот Исток.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП