18 мај, 2024
ПочетнаКУЛТУРАПрозна вечер со делата на Дурацовски и Галевски во Струга

Прозна вечер со делата на Дурацовски и Галевски во Струга

knigi 99333

Прозна вечер посветена на делата „Бледи сенки, далечни гласови“ од Димитрие Дурацовски и „ Исповедни финеси“ од Влатко Галевски ќе се одржи денеска во 20.30 часот во клубот Синема во Струга.

За книгите ќе зборуваат Оливера Ќорвезировска и Ферид Мухиќ.

„Романот „Бледи сенки, далечни гласови“ од Димитрие Дурацовски, добитник на Рациново признание за 2015-та се издвојува со својата иновативна авторска постапка во која се содржани неколку битни елементи. Од една страна се забележува преплет на различни жанровски модели, вкрстосување на интимен поттекст и обраќање со ангажиран однос кон актуелната општествена ситуација. Од друга страна во ова дело оживуваат на суптилен начин незаборавните бледи сенки и далечни гласови иод интимното и колективното минато во кое секој може да се препознае“, вели  Паскал Гилевски.

„Со „Исповедни финеси“ Влатко Галевски формулира едно апсолутно исклучително и исто толку потребно стојалиште на обновен респект за автентичноста на нашиот сопствен живот. Длабоко сум убеден дека книгава што ја држите во рацете спаѓа во онаа хуманистички инспирирана и естетски афирмирана литература од рангот на Саројан, Селинџер, Ефраим Кишон, а којашто одигра витална улога во самопочитување на цели генерации“, пишува Ферид Мухиќ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП