Прехранбеното ембарго на Русија доведе до заситување на европскиот пазар со свинско месо, што за последица има пад на приходите на производителите, наведува белгиската експертка, Софи Ренар.
„Сето месо кое што не може да се извесува во Русија се наоѓа на европскиот пазар. Тоа значи дека понудата расте, а цените паѓаат“, рече Ренар за белгиската радиотелефизија РТБФ.
Според неа, падот на цената има негативно дејство врз белгиските производители на свињи. Белгија до воведувањето на ембаргото секојдневно извесуваше во Русија над 34.000 тони свинско месо.
Со забраната белгиските одлегувачи на свињи загубија четири отсто од извозниот пазар, наведува РТБФ.