5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се модернизира Бит пазар

Ќе се модернизира Бит пазар

bit-pazar555

Советот на општината Чаир на седницата денес, го усвои нацртот на Деталниот урбанистички план за целосна реконструкција и надградба на Бит пазар.

Во насока на спроведување на јасна и транспарентна постапка и во согласност со регулативата ќе следи јавна анкета и јавна презентација на којашто сите заинтересирани физички и правни лица ќе можат да достават свои предлози и забелешки што потоа ќе ги разгледува Стручната комисија и ќе бидат земени во предвид во следните фази за развој на овој проект, соопштија од општината.

„Бит пазар е еден од најголемите зелени пазари во земјава, каде егзистенција обезбедуваат голем број семејства. Со новиот нацрт план, откако ќе ги помине сите процедури, ќе се зголеми бројот на тезгите, ќе се направи нов проект кој ќе обезбеди доволен број паркинг места со што новиот пазар ќе добие нов модерен изглед. Идејата е во новиот проект да се вклучат сите тезги кои сега се надвор од пазарот со што ќе се отвори патот кон театарот и улицата „192“, а ќе се растовари и тротоарот до трговскиот центар „Мавровка“. Така ќе се отвори и просторот кон Старата скопска чаршија, со што ќе обезбедиме една нова урбана димензија“, истакна Иџет Меџити, градоначалник на Чаир.

Откако ќе заврши јавната расправа и јавната презентација, Стручната комисија ќе достави заклучок, ќе почне постапката на предлог на Деталниот урбанистички план (ДУП), кој ќе треба да добие позитивно мислење од страна на сите инволвирани јавни и приватни институции.

По оваа фаза ќе се поднесе постапка за согласност од страна на Министерството за транспорт и врски и на крајот Советот на општината Чаир ќе донесе одлука за усвојување на Деталниот урбанистички план за Бит пазар.

Според плановите изградбата треба да трае една година. За да не се наруши работењето на Бит пазар планирано е градежните зафати да се одвиваат етапно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП