8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПлатформата за родова еднаквост повикува да се подобрат условите за работа

Платформата за родова еднаквост повикува да се подобрат условите за работа

rodova-ednkvost888

По смртта на три работнички на работното место, Платформа за родова еднаквост испрати реакција до Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за труд, интер-ресорската група за еднакви можности на жените и мажите, собраниските комисии за еднакви можности на жените и мажите, за труд и социјална политика и Постојаната собраниска анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот, како и до Народниот првобранител.

„Сакаме да ја изразиме нашата длабока загриженост поради смртта на три работнички кои изминатиов месец починаа на нивното работно место. Нашата загриженост се однесува на условите за работа во фабриките во Македонија, недостатокот од редовни контроли од страна на надлежните органи и отсуство од системска евиденција за повредите и несреќите на работно место од страна на државата“, велат од Платформата.

Појаснуваат дека на крајот од јуни и почетокот на јули оваа година, медиумите пренесоа вест за три смртни случаи на работнички, две работнички се од фабриката “Дрекселмаер” од Кавадарци додека третата работничка е од штипската текстилна фабрика “Јаја Мезлер” .

За преземените дејствија од страна на надлежните државни институции (Министерството за труд и социјална политика и Државниот инспекторат за труд) постојат само посредни информации преку медиумите. Министерот за привлекување на странски инвестиции информираше дека е направена инспекциска контрола на работните услови во “Дрекселмаер” и не се утврдени отстапки од законски пропишаните услови за работа. Трудовата инспекција изврши контрола во фабриката „Јахја Мезлер“ при што се констатирани недоследности во исполнувањето на условите за безбедност и здравје при работа, за што се изречени и казни.

„Смртта на три работнички за краток период дава индикации на влошени услови за работа во фабриките, особено во летниот период. На ова укажуваат и статистиките од годишните извештаи за несреќи при работа на Македонското здружение за заштита при работа. Имено, повредите и смртните случаи драстично се зголемуваат во летниот период, во споредба со другите месеци од годината што упатува на сомневање во примената на законски пропишаните услови за работа од страна на работодавачите (соодветна климатизација на просториите, паузи, достапност на течности и сл.) за превенирање на шок и стрес од топлина“, додаваат од Платформата, од каде укажуваат на непостоење соодветни извештаи и податоци од надлежните државни институции кои се однесуваат на безбедноста и здравјето на работниците.

„Недостатокот од такви важни статистики оневозможуваат системска евиденција, анализирање на трендови, дизајнирање на мерки и соодветно постапување во ситуации на нарушување на здравје, повреди и смрт на работно место. Исклучително високиот број на повреди и смрт на работно место (42 смртни случаи во 2014 година ) се состојби кои не смее да се игнорираат“, велат во реакцијата.

Препорачуваат надлежните институции континуирано да вршат инспекциски надзор, особено во летниот период и на оние работни места кои се подложни на топлотни шокови (неизолирани хангари, фабрики каде се случени повреди и несреќи, градежни изведби и сл.) со цел да се утврди фактичката состојба и причините за несреќите, а извештаите и заклучоците да бидат достапни за јавноста.

Потоа, да се воведе систем на задолжителна евиденција на повредите и несреќите при работа и на работно место, како и преземање континуирани мерки преку кои ќе се информираат, едуцираат и обврзат работодавачите да ги почитуваат стандардите за здравје при работа кои се пропишани со постојните закони и конвенциите.

Во Платформата членуваат повеќе здруженија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП