12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во мај изнесувала 22.071 денар

Просечната плата во мај изнесувала 22.071 денар

denari 3303

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во мај изнесувала 22.071 денар, што претставува номинално зголемување за 2,7 отсто на годишно ниво, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика кои беа денеска објавени.

Ваквото зголемување е резултат, пред сé, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Уметност, забава и рекреација (15,8 отсто), Други услужни дејности (7,5 отсто) и Дејности на здравствена и социјална заштита (5,0 отсто).

На месечно ниво, просечната плата во мај е повисока за 325 денари во однос на претходниот месец.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (6.1%), Уметност, забава и рекреација (5.4%) и Информации и комуникации (5.0%).

Највисока просечна плата во мај примиле вработените во секторот Финансиски дејности и осигурување од 39.442 денари, следат вработените во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација со просечна плата од 37.286 денари.

Најниски плати во мај во Македонија примиле вработените во секторот Административни и помошни услужни дејности од 15.162 денари и во секторот Земјоделство, шумарство и рибарство од 15.570 денари.

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во мај 2015-та изнесува 32.393 денари.

Во мај 2015-та година, 1,6 отсто од вработените во Република Македонија не добиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП