3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи пораснаа по пет дена пад

Европските берзи пораснаа по пет дена пад

evropski-berzi-euroberzi

Цените на акции на европските берзи во вторникот пораснаа благодарение на добрите деловни резултати на компаниите и најавите за спојување, со што е прекинат петдневниот пад поради стравувањето во врска со Кина.

FTSEurofirst на 300-те водечки европски акции вчера во 11.30 часот беше во плус 0,4 отсто, на 1.636 поени, откако вчера потона 2,2 отсто.

Лондонски FTSE индекс истовремено беше во плус 0,80 отсто, на 6.557 поени, додека париски CAC зајакна 0,90 отсто, на 4.971 поени, а франкфуртски DAX 0,90 отсто, на 11.163 поени.

Индексите се во плус бидејќи берзите ги поддржуваат вестите за преземања и добрите квартални резултати на европските компании.

Меѓу најголемите добиници изутрината беше акцијата на RSA Insurance Group, со скок на цената за 11 отсто, по вестите дека Zurich Insuranc планира да поднесе понуда за преземање на британската осигурителна куќа. Цената на Zurich падна за три отсто.

Акцијата на инженерската компанија Melrose поскапе, пак, за 10 отсто, откако порача дека ќе го продаде своето работење во Elster на компанијата Honeywell, за 3,3 милијарди фунти.

Поскапе, за 6,5 отсто и акцијата на Керинг, по веста дека Gucci, водечкиот бренд на француската модна групација, во вториот квартал забележа раст на продажбата за 4,6 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Позитивно на европските инвеститорите влијаеше и смирувањето на азиските берзи. На самиот почеток од тргувањето индексот на MSCI на азиско-пацифичките акција, без јапонските, потона за над 1 отсто, потонувајќи на најниско ниво за три недели, но подоцна закрепна.

Несигурноста на азиските берзите последица на вчерашниот пад на цените на акциите во Шангај за над 4 отсто, откако вчера потонаа за над 8,5 отсто, што е најголем дневен пад за осум години. Подоцна загубите се намалија бидеји властите најавија низа мерки за стабилизација на берзите и економијата. Кинеските регулаторни власти порачаа дека државата ќе ја поддржува берзата и ќе ги истражува злонамерните продажби на акциите.

Остртите осцилации на цените на кинеските акции аналитичарите ги припишуваат на тоа што берзата ја загуби врската со економските фундаменти. Во претходната година цените на кинеските акции речиси двојно се зголемија, иако растот на економијата веќе подолго време забавувава. Причина за тоа беа надежите на инвеститорите дека властите ќе воведат нови економски поттикнувања.

Но, со оглед дека мерките не дадоа позначителни резултати, за само три недели, од половинаната на јуни до почетокот на јули, цените на кинеските акции потонаа за над 30 отсто. Потоа, во наредните две недели, цените скокнаа за над 20 отсто, благодарение на дотогаш незабележените мерки на кинеските власти.

Но, вчера цените на акциите остро паднаа, што ги разниша и другите светски берзи, па и најголемата-Волстрит.

„Берзите во псоледните денови беа под влијание на нестабилноста на кинеските берзи, но денеска стравувањето во врска со Кина спасна, а берзите ги поддржаа добрите деловни резултати на европските компании и најавите за преземање“, рече Герхард Шварц, стратег во банката Baader.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП