20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗавршува асфалтирањето на коловозот низ транзитниот дел во Крушево

Завршува асфалтирањето на коловозот низ транзитниот дел во Крушево

asvaltiranje-krushevo444

Асфалтирањето на транзитниот дел од регионалниот пат низ Крушево во должина од 2,4 километри завршува во вторник.

Според директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов, за оваа градежна активност од буџетот на ЈП за државни патишта се обезбедени средства во висина од 4 милиони денари.

Исто така завршени се и градежните активности на делови од делниците Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света каде во рамките на програмата за одржување на државните патишта се изврши поправка и рехабилитација на коловозот.

Активностите на регионалните патни правци Крушево-Сладуево и Демир Хисар-Граиште-Света се повеќегодишни и истите ќе се изведуваат во периодот од 2015 до 2018 година.

Владата за рехабилитација на делницата Крушево-Сладуево ќе бидат обезбедени околу 60 милиони денари, а за делницата Демир Хисар-Граиште-Света околу 30 милиони денари. За оваа година од буџетот на ЈП за државни патишта преку програмата за одржување на државните патишта за овие патни правци се обезбедени и реализирани 7 односно 6 милиони денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП