3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата на најниско ниво за шест месеци

Цената на нафтата на најниско ниво за шест месеци

nafta2

Цената на нафтата на светските берзи се спушти во вторникот на најниско ниво за последните шест месеци, откако падот на кинеските акции ги зголеми сомнежите во изгледите за побарувачката за сирова нафта од Кина, водечки светски потрошувач на енергија.

Цената на барел сирова нафта во Лондон падна за 78 центи, на 52,69 долари, а накратко се спушти и на 52,28 долари, најниско ниво од почетокот на февруари. На американскиот пазар беше во инус 36 центи и изнесуваше 47,03 долари за барел.

Кинескиот берзански индекс загуби во последните два дена 10 отсто од вредноста. Аналитичарите истакнуваат дека покрај кинескиот економски раст, кој настојува да се одржи на 7 отсто, побарувачката за сирова нафта од Кина можеби нема да биде доволно да ја намали преголемата глобална понуда.

„Вообичаено, берзите имаат висока корелација со тромесечниот раст на кинескиот БДП“, рече стратегот Мајкл Луис од Deutsche Bank. „Секако дека постои ризик тоа да се прелие на реалната економија и да влијае на кинеските излгеди за раст на побарувачката“.

Цената на нафтата ја притиска глобалното производство на нафта, со оглед на сигналите дека пазарот и без тоа е презаситен. Инвеститорите сега чекаат на податоците за американските залихи на сирова нафта за да ја оцената силата на побарувачката. Американски екомерцијалнизалихи веројатно паднале во минатата недела за околу 300 илјади барели, покажува прелиминарната анкета на Reuters.

Одделно Организацијата на држави извознички на нафта (OPEC) објави на својата интернет страница дека цената на барел референтна кошничка нејзина нафта во понеделникот изнесувала 51,29 долари, што значи дека паднала за 79 центи во однос на претходниот трговски ден.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП