3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРеконструкција на улица Орце Николов

Реконструкција на улица Орце Николов

on centaar

Општина Центар соопшти дека во рамките на „Работно лето 2015“ во тек е реконструкција на улицата Орце Николов, од бул. Климент Охридски, се до улицата Михаил Цоков.

На повеќето средби, кој ги имаше градоначалникот Андреј Жерновски со жителите на овој дел од Дебар Маало, беше констатирана неопхподна реконструкција на овој дел од улицата. Поради лошата состојба на завршниот слој на асфалтот, кој оневозможуваше нормално одвивање на сообраќајот. Вкупната површина на делот на кој се врши зафатот е 3600 м2, должина околу 520 метри и ширина – 7 метри.

Реконструкцијата се врши во неколку фази. Завршено е стругањето на асфалтот, а во тек е нивелирање на шахтите и замена на старите ивичњаци со нови. Последна фаза е асфалтирањето на улицата.

Истовремено, во Дебар Маало, се планира и реконструкција на улицата Наум Наумовски – Борче и дел од улицата Аминта Трети, се вели во соопштението на општината.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП