3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе реконструира железничката станица во Прилеп

Се реконструира железничката станица во Прилеп

prilep zeleznicka

Во тек е реконструкцијата на железничката станица во Прилеп, која е дел од проектот за обнова на 10 вакви објекти во Македонија долж железничкиот дел од Коридорот 10 и кракот 10 Д.

Прилепскиот градоначалник Марјан Ристески истакна дека со реализацијата на овој капитален проект и со негово партерно поврзување со новата автобуска која пред една година беше ставена во функција Прилеп ќе добие еден современ транспортен центар.

Со реализацијата на овој проект железничката станица ќе стане подостапна за сите граѓани кои користат железнички сообраќај.

Проектот е на Министерството за транспорт и врски и опфаќа целосна реконструкција на сите главни елементи на станиците.

Според најавите, целосно ќе бидат заменети крововите и подовите, ќе се санираат фасадите и внатрешните ѕидови, ќе биде поставена нова термичка изолација и ќе се изградат нови тоалети.

Комплетно ќе се смени водоводната и електричната инсталација – вклучувајќи ги и внатрешното и надворешното осветлување, ќе се постават системи за греење и ладење, за противпожарна заштита, патнички информативен систем, како и подобрување на пристапноста за товарен транспорт и достапност и поврзување со патниот транспорт. Ќе се подобри и пристапноста за лицата со намалена подвижност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП