28 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на Волстрит петти ден по ред

Пад на Волстрит петти ден по ред

wall street999

Цените на акциите на Волстрит во понеделникот паднаа петти ден по ред, бидејќи најостриот пад на кинеската берза за осум години поттикна стравување дека забавувањето на растот на втората светска економија ќе им наштети на кинеските трговски партнери.

Dow Jones ослабна 127 поени, или 0,73 отсто, на 17.440 поени, додека се намали 0,58 отсто, на 2.067 поени, а Nasdaq се спушти за 0,96 отсто, на 5.039 поени.

Лошото расположение на берзата е последица на падот на цените на акциите во Кина за над 8 отсто, што е најголем дневен пад за осум години. Остриот пад потсети на неодамнешниот крах на кинеските берзи, кога за само три недели цените на акциите потонаа за над 30 отсто.

Падот на кинеските берзи предизвика стравување од влијание од слабеењето на втората по големина светска економија за нејзините трговски партнери. Со оглед дека Кина е најголем светски потрошувач на суровини, инвеститорите стравуваат дека ќе се намали побарувачката. Цената на бакарот и на дел од суровините падна на најниско ниво за шест години.

Иако кинеските власти воведоа досега незабележани мерки за стабилизација на берзите, никој не е сигурен дека тоа ќе даде резултати.

„Тешко е да се заклучи што ќе се случува во Кина. Осетното забавување на растот на кинеската економија би влијаело не само на САД туку и на останатите глобални играчи“, вели Чак Карлсон, директор во компанијата Horizon Investment Services.

Најмногу вчера на Волстрит падна цената на акциите во рударскиот и енергетскиот сектор, што е последица на падот на цената на нафтата и останатите сировини. Притоа девет од десет сектори загубија на вредноста.

Поддршка на берзата не и пружаат ниту кварталните деловни резултати на компаниите. Иако се тие нешто подобри од очекувањата на аналитичарите, треба да се има в предвид дека проценките беа поставени многу ниско, поради што на компаниите не им е поголем проблем да ги надминат.

Слабоста на приходите е последица пред се на високиот курс на доларот, што влијае врз приходите на американските мултинационални компании од странските пазари.

Меѓу најголемите губитници вчера беше акцијата на Fiat Chrysler, со пад на цената за 4,8 отсто, откако американскиот регулатор го казни италијанскиот производител на автомобили со рекордни 105 милиони долари поради неефикасно и ненавремено повлекување на возилата од пазарот.

Од друга страна силно за 16 отсто скокна цената на акцијата на Teva, откако израелската фармацевтска компанија постигнала договор за купување на ирски Allergan за 40,5 милијарди долари и порача дека се откажува од преземањето на американски Mylan, чија акција падна за 14 отсто.

И на европските берзи цените на акциите остро паднаа. Лондонски FTSE индекс се намали за 1,13 отсто, на 6.505 поени, додека франкфуртски DAX потона за 2,56, на 11.056 поени, а париски CAC 2,57 отсто, на 4.927 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП