24 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОсновање на Локален Економско-социјален совет во Општина Ресен

Основање на Локален Економско-социјален совет во Општина Ресен

opstina-resen

Локален Економско-социјален совет ќе биде основан во Општина Ресен, во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Крајната цел на проектот е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.

Проектот има сеопфатен пристап и има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог преку три меѓусебно поврзани компоненти, зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво, поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор, како и воспоставување механизам за мирно решавање на работни спорови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП