19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМедведев и Церар за двострано запирање на санкциите меѓу ЕУ и Русија

Медведев и Церар за двострано запирање на санкциите меѓу ЕУ и Русија

cerar medvedev

Санкциите против Русија коишто ги воведе Европската унија поради украинската криза ја погодија економската размена меѓу Словенија и Русија, а нивното укинување би било од интерес на сите, изјавија на заедничката прес-конференција во словенечката престолнина Љубљана по меѓусебните разговори словенечкиот премиер Миро Церар и неговиот руски колега Дмитриј Медведев.

„Санкциите не ги започна Русија туку ЕУ, па од неа очекуваме прва да ги укине. Со санкции проблемите не може да се решаваат“, изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев, повторувајќи дека санкциите се контрапродуктивни, како и дека и покрај нив економската соработка со Словенија ќе продолжи, иако поради санкциите стагнира и опаѓа.

Неговиот словенечки домаќин и колега Миро Церар се согласи дека санкциите им штетат на Словенија и на Русија, како и дека е во интерес на сите страни да ги откажат, на што Медведев изрази очекување дека Словенија, „како и досега во рамките на ЕУ ќе има балансиран став“ кога станува збор за односите со Русија.

Медведев, исто така, истакна дека според својата структура ЕУ не е униформа организација и оти „сите земји се различни“. Според него, има „држави со рационални ставови“ во врска со односите со Русија и во врска со украинскиот конфликт, но има и „многу емоционални“.

„Добро е што во ЕУ може да се слушнат различни гласови, меѓу нив и оние коишто сфаќаат дека санкциите не водат кон ништо добро“, истакна Медведев.

Церар, рече дека неговата земја се залага за дијалог во надминувањето на украинското прашање, кое „мора целосно да биде решено на политички начин“. Додаде дека „денеска и вчера имавме можноста да ги размениме ставовите“ околу ова прашање на средбите на челниците на владите на Словенија и Русија.

Во текот на разговорите меѓу Медведев и Церар зад затворени врати, беше одржан и состанок на владините делегации на двете земји, на кои главно станало збор за економските односи, а биле потпишани и низа билатерални договори во областа на науките, спортот, образованието, културата и медицината.

Рускиот премиер кој во Словенија допатува во саботата навечер за да присуствува на церемонијата на потсетување на стотината починати пред повеќе од 90 години руски жртви кои во областа Вршич ги загубиле животите во австро-унгарско воено заробеништво, во понеделник доцна попладнето ја завршува посетата на Љубљана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП