21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на кинеските акции ја притисна цената на нафтата

Падот на кинеските акции ја притисна цената на нафтата

nafta 300

Цената на нафтата падна денес на светските берзи близу најниско ниво за четири месеци, по вртоглавиот пад на цената на кинеската берза, како и поради се поголемите знаци за прекумерна глобална понуда на нафта.

Цената на барел сирова нафта на лондонската берза за испораки во септември падна за 15 центи, на 54,47 долари, откако накратко достигна 54,25 долари, најниско ниво од 2 април. На американската берза цената на нафтата падна за 26 центи, на 47,88 долари за барел.

Цените на кинеските акции потонаа во понеделникот за над 8 отсто, што е најголем дневен пад за последните осум години, а последица е на обновените стравувања на инвеститорите во врска со изгледите на втората по големина светска економија.

„Денешниот пад на цената на нафтата поттикнат е со падот на цените на кинеските берзи“, рече Карстен Фрич аналитичар од Commerzbank.

Кина е најголем светски потрошувач на енергија и голем увозник на нафта.

Инвеститорите стравуваат дека падот на цената на кинеската берза би можел да ја дестабилизира кинеската економија и да ја намали побарувачката за горива.

Цената на нафтата ја притиска и преголемата глобална понуда на нафта, додека големите производители од Блискиот исток се борат за удели на пазарот и црпат 2 до 3 отсто повеќе нафта од потребното, велат аналитичарите.

Најновите податоци од САД, пак, покажаа дека во една недела се зголеми бројот на американски ископини за 21, што е најголемо зголемување на нивниот број уште од април 2014 година, а тоа укажува на натамошно зголемување на американското производство на нафта. Извозот од јужните ирачки нафтени полиња исто така бележи рекордни нивоа.

„Во наредните неколку месеци, дури и ако преголемата глобална понуда и сезонските слабости се пресметаат во цените, тешко е да се предвиди што би можело да ги крене цените“, сметаат аналитичарот на Societe Generalea Мајкл Витнер.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП