18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Не е прашање дали, туку како да се реструктуира долгот на...

ЕЦБ: Не е прашање дали, туку како да се реструктуира долгот на Грција

ECB_2355219b

Државите на еврозоната повеќе не ја доведуваат во прашање потребата од реструктуирање на грчкиот јавен долг, туку се прашуваат кој е најдобриот начин тоа да се изведе, изјави членот на извршниот одбор на Европската централна банка (ЕЦБ), Беноа Кер.

Тој во интервју за францускиот весник Le Monde, изјави дека сите држави членки на еврозоната сакаат Грција да остане во монетарниот блок и подготвени се да понудат „финансиска солидарност“, под услов Грција да биде подготвена да спроведе реформи.

„Вистината е дека не е спорно дали треба да се реструктуира грчкиот долг, туку како тоа да се направи на начин кој навистина би придонел за грчката економија“, рече Кер.

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) претходно порача дека ќе учествува во третиот пакет финансиска помош за Грција, само доколку и биде реструктуиран долгот.

Директорката на ММФ, Крстин Лагард, изрази надеж дека еврозоната ќе прифати отпис на дел од грчкиот долг, по позитивните сигнали од Брисел на тема реструктуирање на долгот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП