4 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена стапката на невработеност во САД

Намалена стапката на невработеност во САД

sad

Стапката на невработеност минатиот месец е намалена во 21 американска држава, мирувала во 17 држави, а пораснала во 12 држави, во време на раст на вработувањето ширум САД.

Американското Министерство за труд наведува дека темпото на вработување забрзало во 31 држава, додека во 17 држави е отворен помал број на работни места, а во преостанатите две вработувањето останало на истото ниво како и претходниот месец, пренесува агенцијата АП.

Во јуно на ниво на САД се отворени 223,000 нови работни места, а стапката на невработеност се намалила на 5,3 од 5,5 проценти во мај.

До намалување на невработеноста, сепак, главно дошло поради тоа што помал број на луѓе се пријавиле за бенефиции за невработени лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар