3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на азиските берзи, еврото над 1,10 долари

Пад на азиските берзи, еврото над 1,10 долари

Chinese stock investors check their share prices at a security firm in Wuhan, central China's Hubei province on September 16, 2011. Chinese shares closed up 0.13 percent. The Shanghai Composite Index, which covers both A and B shares, gained 3.29 points to 2,482.34 on turnover of 49.6 billion yuan ($7.8 billion).   CHINA OUT AFP PHOTO (Photo credit should read STR/AFP/Getty Images)

Цените на акциите на азиските берзи паднаа поради загубите на Волстрит минатата недела и сигналите за забавување на растот на кинеската економија. На Токиската берза Nikkei индексот во 6.30 часот беше во минус 0,7 отсо, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја, Сингапур, Хонг Кон и Шангај паднаа од 0,1 до 0,2 отсто.

Поради тоа индексот MSCI на азиско-пацифичките акции, без јапонските, беше во минус 0,8 отсто.

Азиските инвеститори ги разочара падот на цените на акциите на Волстрит во петокот, веќе четврти ден по ред. Поради тоа во цела мината недела Dow Jones, S&P 500 и Nasdaq потонаа за над 2,2 отсто, што е најголема неделна загуба од март.

Тоа е последица на анемичните квартални резултати на американските компании, особено на мултинационалните, кои бележат послаби приходи од странските пазари поради високиот курс на доларот.

Лошо на берзите влијае и податокот објавен кон крајот на минатата недела дека во јули производствената активност во Кина паднала на најниско ниво за 15 месеци, што е уште еден показател за натамошно забавување на растот на втората по големина светска економија.

А со оглед дека Кина е најголем светски потрошувач на суровини, инвеститорите стравуваат дека ќе падне побарувачката по сировини. Од тие причини цената на бакарот и на дел од најзначајните сировини падна на најниско ниво за шест години.

Инвеститорите се внимателни и поради тоа што ова недела се одржува дводневна седница на челниците на американската централна банка. Не се очекува дека Фед уште сега ќе ги зголеми клучните каматни стапки, но веројатно тоа ќе го стори во септември, што не му оди во прилог на пазарот на капитал.

„Очекуваме дека Фед ќе повлече потег во септември, но патот до нормализација на каматните стапки ќе биде долг, со оглед на глобалните ризици, недостигот од инфлациски притисоци и загриженоста што би можел да значи пребрзиот ритам на зголемување на каматите за берзите, доларот и економијата“, наведуваат аналитичарите од Австралија и Нов Зеланд.

На валутните пазари еврото благо зајакна кон американската валута, па неговиот курс го надмина нивото од 1,10 долари, додека во петокот изнесуваше 1,0985 долари.

Доларот ослабна и кон јапонскиот јен, на 123,50, од 123,80 јени, колку што изнесуваше во петокот.

Цената на златото, пак, се стабилизираше по остриот пад во минатата недела, но и натаму се движи на најниските нивоа за пет години, нешто под 1.10 долари за унца.

А цената на нафтата се движи на најниско ниво од март, бидејќи понудата и натаму е поголема од побарувачката. На американскиот пазар цената на барелот изутрината ослабна за 10 центи, на 48,05 долари, а на лондонската берза за неколку центи, на 54,60 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП