12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСедлоски го одржа првиот тренинг

Седлоски го одржа првиот тренинг

goce trening

Новиот шеф на стручниот штаб на Вардар, Гоце Седлоски, денеска го одработи првиот тренинг со фудбалерите на актуелниот шампион.

Седловски, кој беше спортски директор на Вардар, на клупата го наследи Сергеј Андреев, кој доби отказ по елиминацијата од АПОЕЛ во второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.

„Ќе работиме максимално за да ги оствариме амбициите. Одиме чекор по чекор, од натпревар во натпревар. Сакам да му честитам на досегашниот тренер Сергеј Андреев за освоената титула. Сега ние имаме обврска да ја одбраниме, и секако да атакуваме и на другите трофеи“, изјавил Седлоски за клупската интернет страница.

Веднаш по првиот тренинг беше задоволен од сработеното и од атмосферата во екипата.

„Со многумина од играчите добро се познавам. Тука сум во Вардар од лани, прво како спортски директор и сум запознаен со нивните квалитети, а со дел од нив бев и во репрезентацијата и како играч и после како тренер. Знам секој што може и колку може. Заедно со моите соработници ќе се обидеме да ја подигнеме уште повеќе формата на играчите и да влеземе подготвени во првенството. Што се однесува до засилувања, може до почетокот на сезоната да добиеме уште еден или двајца нови играчи“, изјави новиот тренер на Вардар.

’Црвено-црните’ одбраната на титулата ќе ја започнат на 9-ти август, кога на „Филип Втори“ ќе гостува новиот прволигаш Шкупи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП