20 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропските берзи ги разниша остриот пад на кинеските акции

Европските берзи ги разниша остриот пад на кинеските акции

evropski=berzi

Индексите на европските берзи паднаа во денес бидејќи инвеститорите ги загрижи најголемиот дневен пад на акциите на берзата во Шангај за последните осум години.

FTSEurofirst индексот на 300 водечки европски акции околу 12.00 часот беше во минус околу 1 отсто.

Лондонски FTSE истовремено беше во минус 0,05 отсто, на 6.578 поени, додека париски CAC се намали за 1,15 отсто, на 4.999 поени, а франкфуртски DAX 1,05 отсто, на 11.225 поени.

Инвеститорите ги загрижи денешниот пад на цените на акциите во Шангај з а над 8 отсто, што е најголем дневен пад за осум години. Остриот пад на цените потсети на неодамнешниот крах а кинеските берзи, кога за само три недели цените на акциите потонаа за над 30 отсто.

„Падот на цените во Европа пред се е последица на остриот пад на кинеските берзански индекси. Растот на кинеската економија очигледно забавуваа, што би можело да има влијание и врз работењето на европските компании на кинескиот пазар“, вели Макус Хубер, аналитичар во брокерската куќа Peregrine & Black.

На забавување на растот на кинеската економија укажува и неодамнешниот податок дека во јули производствената активност падна на најниско ниво за 15 месеци.

А со оглед дека Кина е најголем светски потрошувач на суровини, инвеститорите стравуваат дека ќе падне побарувачката. Од тие причини цената на бакарот и на дел од најзначајните сировини падна на најниско ниво за шест години.

Иако извршниот директор на Philips порача дека расто во Кина навистина забавува, цената на акцијата на холандскиот гигант скокна за над 3 отсто, благодарение на подобрите од очекувани квартали резултати.

И покрај натфлените очекувања, цената на акцијата на швајцарската банка UBS се намали за 1,5 отсто.

За два отсто падна и цената на акцијата на Fiat Chrysler, откако американскиот регулатор го казни италијанскиот производител со рекордни 105 милиони долари поради неефикаско и неправомерно повлекување на неисправни возила од пазарот.

Кон ублажувањето на загубите на европските берзански индекси придонесоа подобрите од очекуваните макроекономски показатели од Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП