2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat Chrysler казнет со рекордни 105 милиони долари

Fiat Chrysler казнет со рекордни 105 милиони долари

fiat-krajsler

Американскиот регулатор ја казни италијанската компанија Fiat Chrysler со рекордни 105 милиони долари поради грешки во повлекување на неисправни возила од пазарот.

Според договорот помеѓу италијанскиот производител на автомобили и National Highway Traffic Safety Administration (NHTSA), Fiat исто така ќе понуди откуп за дури 1,5 милиони возила во САД, додека независниот набљудувач ќе го надѕира повлекувањето на неисправните возила на Fiat од пазарот во наредните три години.

Казната од 105 милиони долари е поголема од досегашната рекордна казна од 70 милиони изречена во јануари на јапонска Honda.

Американскиот регулатор го обвини Fiat поради проблеми со повлекувањето на неисправните возила од пазарот во САД, меѓу другото, поради неефикасно и неправовремено повлекување на возила, бавно информирање на сопствениците на возилата и дилерите.

Казната опфаќа 70 милиони долари исплата во готовина, додека 20 милиони Fiat мора да вложи во подобрување на постапката за повлекување на возила од пазарот.

Дополнителни 15 милиони Fiat ќе мора да плати доколку стори било каков натамошен прекршок во постапката за повлекување на возила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП