28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрција и натаму омилена дестинација за богатите туристи

Грција и натаму омилена дестинација за богатите туристи

akropolis e30

Грција и натаму е омилена дестинација на богатите туристи и во неа се наоѓаат 20 отсто од вкупниот број на богати туристи, покажуваат податоците на компанијата Switchfly.

Престолнината на Грција, Атина позната по Акропол и Партенон, како и по масовни протести против новите мерки на штедење, ја зазеде четвртата позиција на листата на 15 најпопуларни светски туристички дестинации на богатите посетители, на листата на Switchfly.

Атина на оваа листа е веднаш зад Сеул, Дубаи и Милано, додека живописните грчки острови Крит и Миконос, исто така, се најдоа на листата најпопуларни туристички дестинации за патниците кои летаат со прва класа и отседнуваат во хотели со пет ѕвездички, пренесува Bloomberg.

„Економските, социјалните и политичките случувања секоја година влијаат на туристичките трендови. Оваа година е забележан зголемен број на патувања во Грција, бидејќи економската криза државата ги направи подостапни аранжманите“, рече извршниот директор на Switchfly, Даниел Фарар.

Просечниот луксузен одмор трае подолго од седум дена, при што должината на престојот варира од 3-8 дена во Мајами до 13 дена на Сеул.

Во Европа се наоѓаат седум од 15-те најпопуларни дестинации, во Азија се шест, Мајами е единствената дестинација во Северна Америка, а Сао Пауло во Јужна Америка.

Веста дека се поголем број на богати туристи ќе се упатат кон Грција е една од ретките светли точки во услови на тмурна состојба која ја зафати државата и која оваа година, според прогнозите, би можела да регистрира пад на економија, што би била седма од последните осум години, оценува Bloomberg.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП