18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПочнува акредитацијата на болниците

Почнува акредитацијата на болниците

bolnici-bol

По една година постоење Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствените установи, ќе ги акредитира болниците, од што најголема добит ќе имаат пациентите, информира, во неделата директорката на Агенцијата, д-р Елизабета Зисовска.

„Посебен акцент во стандардите е ставен на безбедноста на пациентите, и тоа е соодветно вклучено при независното оценување на болниците. Сите стандарди кои се однесуваат на безбедност на пациентите треба да бидат оценети со оценки 4 или 5, што значи да бидат исклучително добри, за да може болницата да се стекне со сертификат за акредитација“, рече Зисовска.

Безбедноста на пациентите ќе значи дека ќе бидат елиминирани ризиците во врска со спречување на појава на интрахоспитални (внатреболнички) инфекции, безбедна хирургија, примена на упатства засновани на докази, итн.

„Бенефит од акредитацијата имаат и вработените, иако во овој момент на подготовка на болницата за акредитација тие можеби чувствуваат оптоварување во нивната секојдневна работа. Акредитацијата значи востановување начин на работа на секој вработен, на секое одделение и установа“, вели Зисовска.

Стандардите за акредитација се веќе усвоени на седница на Владата и објавени во Службен весник, а развиени се во согласност со европските и светските принципи на акредитација. Од почетокот на оваа година, интензивно се изработуваат процедурите за имплементација на стандардите, и активно се вклучени по неколку тимови во секоја болница.

Предвидено е и во периодот од есента до крајот на 2015 да се спроведе проверка на имплементацијата, што подразбира теренска обиколка на сите болници, помош околу имплементација на процедурите после нивно донесување и усвојување на ниво на болница, како и спроведување на независно надворешно оценување на болниците апликанти за акредитационен статус.

Штом една болница се стекне со сертификат за акредитација,објаснува директорката, ќе се спроведува редовен едногодишен мониторинг на квалитетот на работата на здравствената установа, здравствените работници и соработници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП