1 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталијанците помалку купуваат недвижнини дома отколку во странство

Италијанците помалку купуваат недвижнини дома отколку во странство

it nedviz

Продажбата на недвижнини во Италија е намалена во првото тримесечје од 2015-та година за 3,6 отсто на годишно ниво на 135.000 објекти, но затоа пак Италијанците купиле рекорден број недвижнини во странство, покажуваат објавените податоци.

Околу 93 отсто од купопродажните договори во Италија во првите три месеца од годинава се однесуваат на резиденцијални недвижнини, а другото на деловни простории. Продажбата на резиденцијалните недвижнини е намалена за 3,5 отсто, а на деловните објекти за 5,5 проценти, според податоците на државната агенција за статистика Istat.

Податоците на независниот истражувачки институт Scenari Immobiliari покажале дека Италијанците од почетокот на годинава купиле рекорден број недвижнини во странство, и покрај фактот дека домашниот пазар на недвижнини не заздравил.

Италијанците покажале огромен интерес за купување недвижнини во Грција, којашто неодамна со постигнатиот договор со нејзините меѓународни кредитори се спаси од излегувањето од еврозоната, таканаречениот Грексит.

„Ние овој феномен, кога Италијанците итаат да купат недвижнини во Грција, којашто финансиските проблеми ја принудија да ги намалува цените, го нарекуваме Грекс-ин“, се вели во соопштението на групацијата.

Во Scenari Immobiliari проценуваат дека Италијанците до крајот на годинава ќе купат повеќе од 50.000 недвижнини во странство, 10 отсто повеќе отколку минатата 2014 година, што би претставувало историски рекорд. Според податоците на компанијата, Италијанците во првата половина од годинава купиле повеќе од 24.000 недвижнини во странство.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП