12 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКошаркар се прашува како ќе „преживува“ со 6,9 милиони долари!

Кошаркар се прашува како ќе „преживува“ со 6,9 милиони долари!

josh smith 003

Џош Смит и неговото семејство ќе треба да „преживуваат“ некако со 6,9 милиони долари. Токму толку ќе заработи Смит во следната НБА сезона.

Кошаркарот потпиша едногодишен договор со Лос Анџелес Клиперс за минималната сума за ветеран со 11-годишно искуство од 1,5 милиони долари. Смит сепак ќе добие уште 5,4 милиони долари од Детроит, каде беше ослободен во декември минатата година.

Само една година порано (во јули 2013-та) Смит стави потпис на договор вреден 54 милиони долари со Детроит за 4 години.

На крајот Џош Смит и неговото семејство ќе треба да живеат следните 12 месеци со едвај 6,9 милиони долари. Тоа е речиси 50% помалку од 13,5 милиони долари кои ги добиваше пред 2 години. До моментов во кариертата Смит има заработено 97 милиони долари.

„Имам семејство“, изјави тој на прес-конференција по повод претставувањето во Клиперс. „Оваа година ќе ни биде малку потешко, но ќе се справиме“, додаде Смит.

Случајот наликува на уште неколку, за кои сме пишувале. Во 2004-та година Латреал Спривел одби 3-годишен договор со Минесота во вредност од 30 милиони долари. Тој велеше дека предлогот е навредлив за него, бидејќи има деца кои треба да ги храни.

Спортисти кои заработуваат милиони се изложени на поголем ризик од банкрот. Еден од нив, Антоан Вокер, кој заработи 107 милиони долари во кариерата, поради големите трошоци прогласи банкрот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП