28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Советувалиштата за откажување од пушење досега советувани 500 лица

Во Советувалиштата за откажување од пушење досега советувани 500 лица

otkazuvanje-cigari

Во текот на една година, од јуни 2014 до јуни 2015 година со советувањата Советувалишта за откажување од пушење се опфатени вкупно 500 лица, од кои половина се здравствени работници кои биле дел од групно советување, информираше во саботата Министерството за здравство .

Во рамки на центрите за јавно здравје во земјата во текот на минатата 2014 година беа отвориени Советувалишта за откажување од пушење, наменети за сите заинтересирани граѓани кои можат да се пријават на едукативни предавања во центрите.

Согласно Акцискиот план на Министерството за здравство, во првата фаза беа опфатени здравствените работници, со цел да им помогнат на своите пациенти во процесот на откажување од пушење.

Сите Центри за јавно здравје подготвија план за работа на Советувалиштето, кој е достапен на интернет страниците на центрите. Овие едукации се одржуваат двапати неделно по два часа. На пример, во Центарот за јавно здравје во Скопје, советувалиштето работи во вторник и четврток од 13 до 15 часот.

Советувалиштата се достапни за сите заинтересирани граѓани кои ќе се обратат во Центрите за јавно здравје и во нив работи стручен и обучен кадар од доктор-специјалист и медицинска сестра, а по потреба и други соработници (социјален работник, психолог и др.), кои одржуваат едукативни предавања со фокус на презентирање на штетните ефекти од пушењето врз здравјето на пушачите, како и на штетните влијанија од тутунскиот чад за околината.

Со континуирана едукација и укажување на штетните последици од пушењето, придонесуваме кон целокупно подобрување на јавното здравје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП