18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕврозоната со резултати над очекуваните

Еврозоната со резултати над очекуваните

evrozonata-evrozonata-indeksi

Деловната активност во приватниот сектор на еврозоната забави во месец јули, но остана над очекувањата, и покрај грчката должничка криза, покажа анкетата на Маркит.

Тесно следениот индекс за управување со набавката (ПМИ), кој го пресметува Маркит, падна овој месец на 53,7 од 54,2 поени во јуни, кога беше на четиригодишен максимум, прeнесува агенцијата Франс прес.

Јулскиот резултат и понатака е далеку над границата од 50 поени која ги одделува растот и падот на секторските активности.

Економското закрепнување на еврозоната во изминатите 18 месеци беше скромно но стабилно, во време на стравување дека Грција ќе излезе од монетарната унија и ќе ја загрози потрошувачката и деловната доверба ширум еврозоната.

Податоците од еврозоната укажуваат на тоа дека економијата во три месеци, заклучно со јуни, напредувала за 0,4 проценти како и во претходниот квартал, наведува главниот економист на Маркит, Крис Вилијамсон, додавајќи дека неодамнешниот договор со Грција и нејзините кредитори дава надеж дека темпото на економското закрепнување на еврозоната ќе забрза во наредните месеци.

Маркит наведува дека ПМИ во услужниот сектор, кој сочинува околу две третини од активностите на развиените економии, во јули се намалил на 53,8 од 54,4 поени во јуни, додека индексот во преработвувачкиот сектор мирувал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП