2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕУ и одобри на Nokia да го купи Alcatel-Lucent

ЕУ и одобри на Nokia да го купи Alcatel-Lucent

alcatel-lucent888

Европската комисија(ЕК) во петок даде зелено светло за финската компанија Nokia да го купи француско-американскиот конкурент Alcatel-Lucent, оценувајќи дека тоа спојување нема да создаде проблеми кај конкуренцијата во секторот на телекомуникациите.

Nokia за купувањето на уделот во Alcatel-Lucent ќе даде 15,6 милијарди евра и ќе има 66,5 отсто од капиталот во новата заедничка компанија која ќе биде формирана во првата половина на 2016 година.

„Двете компании на светско ниво обезбедуваат телекомуникациска опрема и услуги. Нема да бидат блиски конкуренти, а повеќе моќни конкуренти на светско ниво ќе ги продолжат своите активности кога ќе се заврши оваа операција“, наведе ЕК во соопштението.

Комисијата, разгледувајќи ги операциите на двете фирми, оцени дека преклопувањата меѓу нив се всушност доста ограничени.

Nokia е доминантна во Европа, каде што Alcatel-Lucent има скромна улога, додека Alcatel-Lucent е многу присутен во Северна Америка, каде што активностите на Nokia се доста ограничени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП