11 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПродадени 22.000 билети за финалето на Евробаскетот

Продадени 22.000 билети за финалето на Евробаскетот

eurobasketeu--

Претседателот на Кошаркарскиот сојуз на Франција Жан-Пјер Сиутат очекува дека наскоро ќе биде во целост распродадена арената во Лил каде ќе се одигра финалниот меч на Европското првенство.

Четириесет дена пред почетокот на Евробаскетот, чија групна фаза ќе се игра во четири држави, а завршницата во Франција, продадени се веќе 22.000 билети за финалето во Лил.

„Наша цел е да ги продадеме сите 27.000 билети. Се надевам дека Франција ќе стигне до финалето“, рекол Сиутат.

Европското првенство ќе започне на 5.септември, а првата фаза ќе се игра во Монпеље, Берлин, Загреб и Рига, додека завршницата ќе се игра во Лил.

Репрезентацијата на Македонија ќе игра во Групата во Загреб, заедно со Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП