20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворен Конкурс за запишување на студенти/питомци на Воената академија

Отворен Конкурс за запишување на студенти/питомци на Воената академија

gygygygy

Министерството за одбрана на Република Македонија во петокот соопшти дека е отворен Конкурс за запишување на студенти/питомци на Воената академија во Скопје.

Министерството ги повикува сите млади лица кои имаат интерес да служат на Република Македонија како идни офицери во Армијата на Република Македонија (АРМ) да се пријават на истиот.

„Истакнуваме дека процесот на избор е транспарентен и базиран на дефинирани критериуми и прикажани квалитети и резултати на пријавените кандидати“, се вели во соопштение.

Заинтересираните кандидати можат да се запознаат со Конкурсот на интернет страницата на Министерството, www.morm.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk.

Воедно, Министерството за одбрана информира дека во тек е и Конкурсот за пилоти во Армијата на Република Македонија.

Процесот на селекција и обука се врши во Центарот за обука на пилоти, кој е еден од најсофистицираните центри од овој тип во светски рамки, Центар кој поседува 2 full-motion симулатори на хеликоптерите Ми-8/17 и Ми-24.

Конкурсот е објавен на интернет страницата на Министерството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП