3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на нафтата близу најниско ниво за четири месеци

Цената на нафтата близу најниско ниво за четири месеци

nafta 35

Цената на нафтата на светските берзи се доближи до најниските нивоа за последните четири месеци, по објавата на податоците за намалување на активностите во кинескиот производствен сектор и растот на курсот на доларот.

Цената на барелот нафта на лондонската берза падна за 35 центи во однос на вчера, на 54,92 долари. Претходно изутрината достигна и 54,80 долари, најниско ниво од почетокот на април.

Од почетокот на јули, пак, цената на барелот падна за речиси 13 отсто, што претставува најголем месечен пад од јануари, кога потона за 19 отсто. Во оваа недела надолниот тренд беше сепак поблаг.

На американската берза цената на барелот порасна за 12 центи, на 48,57 долари, благо зајакнувајќи од најниското ниво од крајот на март.

Активностите во кинескиот производствен сектор потонаа по највисока стапка за последните 15 месеци, покажува прелиминарниот извештај на менаџерите за набавка.

„Загриженоста за условите во побарувачката денеска зајакнаа по пдоатоците за индексот на менаџери за набавка (PMI) од Кина“, рече Мајкл МекКарти од сиднејски CMC Markets.

Цената оваа недела се движи во најтесен распон за последните 11 месеци, додека силната сезонска побарувачка, посебно за бензин во летната сезона на патување помага да се ублажи долгорочниот ефект од глобалната заситеност во снабдувањето. Сепак, ваквиот ублажувачки фактор веројатно ќе биде од краток век.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП